Турскиот министер Акар: „Агресивниот став на Израел ја зголемува тензијата во регионот“

April 7, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, денес ги осуди неодамнешните израелски напади во Палестина, повикувајќи на нивен итен прекин, јавува Анадолу.

„Израел изврши неселективни напади врз Појасот Газа минатата ноќ, користејќи непропорционална сила. Ние силно ги осудуваме овие напади“, изјави Акар за новинарите во главниот град Анкара.

Неговите изјави следуваа откако израелската Армија денес, во раните утрински часови, изврши воздушни напади врз Газа и јужен Либан.

Ескалацијата се случи откако израелските сили упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс) две ноќи по ред и насилно ги отстранија палестинските верници.

„Овој агресивен став, кој ги игнорира човековите права и универзалните вредности, дополнително ја зголемува тензијата во регионот. Јасно е дека овие напади ќе му наштетат на регионалниот мир.“

„Израелската администрација мора веднаш да ги запре овие напади, кои само ќе го зголемат хаосот во регионот“, порача Акар.

– Односите со Грција –

Осврнувајќи се на неодамнешната посета на неговиот грчки колега Николаос Панајотопулос на јужната турска област Хатај, погодена од земјотресот, Акар рече дека е важно продолжувањето на „позитивната и конструктивна“ атмосфера меѓу Анкара и Атина, што се појави по земјотресите.

„Туркије и Грција треба да ги решат постоечките проблеми во рамките на добрососедските односи и меѓународното право“, додаде тој.

„Во претстојниот период очекуваме конкретен позитивен развој за некои прашања како што е продолжувањето на периодот на мораториум, кој предвидува избегнување на вежби во меѓународните води и воздушниот простор на Егејското Море меѓу 15 јуни и 15 септември, кога туризмот е интензивен“, изјави Акар.

Истакнувајќи ја важноста на отворените канали за дијалог меѓу двете земји, Акар рече: „Наша искрена желба е Егејот и Медитеранот сега навистина да станат море на пријателство преку воспоставување постојана средина за соработка.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Анчелоти објави слободен ден, најмногу се израдува играч со 57 минути оваа сезона! (ВИДЕО)

Следно

Еврејските доселеници вандализираа имот на Палестинци, го блокираат влезот во Рамала

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop