Турски МИТ неутрализира високорангиран терорист на ПКК во северен Ирак

May 4, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Разузнавачката служба на Туркије (МИТ) во северните делови на Ирак го неутрализира Ахмет Ѓумуш, терорист на ПКК / КЏК, т.н. одговорен за образование во рамките на терористичката структура, јавува Анадолу.

Според информациите до кои дојде новинарот на Анадолу од безбедносни извори, утврдено е дека терористот Ѓумуш, со кодно име „Џуди Енгизек“, обуката за атентати ја минал во Грција, по што му бил телохранител на терористот Мурат Карајилан, еден од водачите на терористичката организација ПКК и планер и реализатор на голем број акции против турските безбедносни сили.

Утврдено е дека Ѓумуш учествувал во акциите врз неколку полициски станици во Туркије, припадниците на терористичката организација стручно ги обучувал за убиства и учествувал во развојот на системот за вооружување во името на организацијата.

Ѓумуш беше одговорен за школите на ПКК/КЏК за атентати во Сирија, во кои се обучуваа членовите на организацијата.

Терористот Ѓумуш е следен извесен период, а неутрализиран е во операција на МИТ изведена во ирачкиот регион Гара.

ПКК е сепаратистичка организација што се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, Европската Унија и во САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија над 40.000 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трагедијата на Врачар ги затекнала и лекарите на Итната помош: Тоа е стрес за кој не се подготвуваш на факултет

Следно

Судан: Продолжуваат тешките судири меѓу суданската армија и паравоените сили

Latest from Blog

Бурим Љатифи и МЕПСО со поддршка за подобри услови на Клиниката за торакална хирургија

АД МЕПСО донираше три милиони денари на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Средствата се наменети за набавка на нови болнички кревети и подобрување на условите за престој и

Хорор во САД: Маж загина по излетување од ролекостер со брзина од 110 км/час- има и повредени (ВИДЕО)

Падот се случил на тобоганот Голијат, опишан како „хипертобоган“ бидејќи достигнува брзина до 110 км/ч и има висина од 60 метри, се наведува на веб-страницата Six Flegs, објави Хафингтон Пост. Сведоците рекоа

Николоски: Шест автопати се градат истовремено, потфат со кој ретко која земја може да се пофали

Македонија се наоѓа во период на интензивен инфраструктурен развој, со изградба на шест автопатски делници истовремено, инвестиции што треба значително да ја подобрат патната поврзаност во земјава и да дадат нов импулс

Проданоски: Прилеп е регионален лидер во циркуларната економија

Општина Прилеп е добитник на „Municipal Circular Leadership Award 2026“, признание за општинско лидерство во циркуларната економија. Според градоначалникот Дејан Проданоски, меѓународното жири го избрало Прилеп за најуспешен во оваа категорија на
Go toTop