Судан: Продолжуваат тешките судири меѓу суданската армија и паравоените сили

1 min read

КАРТУМ (АА) – Рано утрово се обновени жестоките вооружени судири меѓу суданската армија и паравоените сили во неколку подрачја во главниот град Картум.

Очевидци за Анадолу изјавија дека се слушнале судири во близина на претседателската палата и Генералната команда на суданската армија во центарот на Картум.

Суданската армија соопшти дека нејзините сили се судриле со Силите за брза поддршка (РСФ), кои се обиделе да ја нападнат Командата на армијата во Бахри, соседниот град на Картум.

Во соопштението се додава дека армијата им нанела големи загуби на Силите за брза поддршка (РСФ), принудувајќи ги да се повлечат.

Во меѓувреме, силите ја обвинија суданската армија за судирите, за прекршување на примирјето, како и за напад на станбените населби со артилерија и авиони на, како што нагласија, „кукавички начин“.

Во вторникот, Владата на Јужен Судан објави дека двајцата сопернички генерали во Судан – началникот на армијата, Абдел Фатах ал-Бурхан, и командантот на паравоената РСФ, Мухамед Хамдан „Хемедти“ Дагало, постигнаа договор за седумдневен прекин на огнот што започна од четвртокот.

Од почетокот на судирите на 15 април, според суданското Министерство за здравство, животот го изгубиле над 550 луѓе, а повеќе од 5.000 се повредени.

Во последните месеци постои несогласување меѓу армијата и паравоените сили околу нивната интеграција во вооружените сили, клучен услов во договорот за транзиција на Судан со политичките групи.

Судан е без функционална влада од октомври 2021 година, кога војската ја разреши преодната Влада на премиерот Абдула Хамдок и прогласи вонредна состојба во потег што политичките сили го нарекоа државен удар.

Транзицискиот период на Судан, кој започна во август 2019 година по соборувањето на претседателот Омар ал-Башир, треба да заврши со избори на почетокот на 2024 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Турски МИТ неутрализира високорангиран терорист на ПКК во северен Ирак

Следно

Твитер реакции: Планираат ли Герасимовски или Данела да преземат нешто за Буши да го исчисти Форум?

Latest from Blog

КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА, НО НЕ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ: Поранешната кошаркарка се соблака на „Онлифанс“ за да го прехрани синот, порано продавала облека, но не било доволно!

Милица Дабовиќ некогаш беше позната како успешна кошаркарка на српската репрезентација, но денес нејзиниот живот доби

УЕФА ја казни Барселона

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за