Турската инфлација се намали во март

April 3, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Годишната стапка на турската инфлација во март изнесуваше 50,51 отсто, што е намалување од 55,18 отсто колку што изнесуваше во февруари, покажаа официјалните бројки, пренесува Анадолу.

Во март минатата година истата стапка изнесуваше 61,14 отсто, покажуваат податоците на турскиот Институт за статистика (ТуркСтат).

Меѓу главните групи, најголем годишен пораст на цените се забележани во хотелите, кафулињата и рестораните со 70,73 отсто, потоа храната и безалкохолните пијалаци 67,89 отсто и здравјето 64,68 отсто.

На месечна основа, стапката на инфлација изнесуваше 2,29 отсто во март, што е намалување од 3,15 отсто ​​​​​​​колку што изнесуваше во февруари и 5,46 отсто од март 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

38 УМЕТНИЦИ НА 14. МЕЃУНАРОДНО БИЕНАЛЕ НА МЛАДИ ВО МСУ, ТЕМАТА Е „БУДЕЊА“

Следно

САД започнуваат дводневна трилатерална поморска вежба со Јужна Кореја и Јапонија

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop