Туркије: Во рамки на истрагата против ФЕТО приведени 30 осомничени од Командата на морнарицата

May 24, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО инфилтрирана во Командата на поморските сили на Туркије, издаден е налог за лишување од слобода на 33 осомничени лица, а во рамките на опсежната акција во девет турски области приведени се 30 осомничени, јавува Анадолу.

Налозите за лишување од слобода ги издаде Државното обвинителство во Истанбул, кое ја води истрагата против припадниците на морнарицата кои ја сочинуваат таканаречената „структура на надежта“ на терористичката организација ФЕТО.

За осомничените со истрага е утврдено дека и понатаму одржуваат состаноци со терористичките структури и имаат телефонски комуникации од говорници и други јавни места кои терористите на ФЕТО ги користат за прикривање на комуникациските канали.

Меѓу осомничените има шест офицери, 20 подофицери и седум претходно суспендирани воени лица во Командата на морнарицата.

Турската полиција утринава спроведува истовремени акции и рации во девет области, а досега од слобода се лишени 30 осомничени, а во тек е потрагата за преостанатите тројца осомничени.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави, а чија екстрадиција Република Туркије официјално ја побара од САД.

Припадниците на таа терористичка организација со години, со местење на испитите, напредувале во службата, инфилтрирајќи се во институциите на државата. Потоа, прво во декември 2013 година, поддржувачите на ФЕТО во правосудството на Туркије се обидоа да процесуираат голем број високи функционери со монтиран судски процес за наводна корупција.

Неколку години подоцна следуваше крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч изведен од офицерите кои ФЕТО ги инфилтрира во турската војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа која претставува закана не само за Република Туркије, туку и за секоја друга земја каде што е активна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

БУКЕРОВАТА НАГРАДА ЗА БУГАРСКИОТ ПИСАТЕЛ ГЕОРГИ ГОСПОДИНОВ И „ЗАСОЛНИШТЕ ВО ВРЕМЕТО“

Следно

Во експлозија на хемиски реактор повредени 9 лица во Иран

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop