Туркије: Во болница во Кахраманмараш по земјотресот родени 625 бебиња

1 min read

КАХРАМАНМАРАШ (АА) – ТУНАХАН АКЃУН/АЛИ РИЗА АКИР –

Во болницата во турската област Кахраманмараш, која беше погодена од разорните земјотреси на 6 февруари, изминатиот период се родени 625 бебиња, јавува Анадолу.

Родилиштето во Градската болница „Неџип Фазил“ во местото Оникишубат остана неоштетено во земјотресите со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала кои погодија 11 области на југот на Туркије.

И покрај разорните земјотреси, болницата продолжи да работи со 100 лекари и 400 членови на друг медицински персонал.

Заменик-главниот лекар на болницата, Мустафа Озѓул, за Анадолу изјави дека продолжиле да пружаат услуги и помош од првиот момент на земјотресот.

Тој раскажа дека во болницата им пружиле помош на многу луѓе кои го преживеале земјотресот, додавајќи дека сите вработени работеле деноноќно за да им помогнат на луѓето.

„Од 6 февруари опслуживме околу 32 илјади пациенти на педијатрија. Опслуживме и шест илјади пациенти на акушерското одделение. Опериравме околу 500 пациенти“, рече Озгул и додаде:

„По земјотресот во оваа болница досега се родени 625 бебиња. Доживеавме голема болка во овој град. Затоа раѓањето на бебињата за нас е огромна радост. Овие бебиња ни даваат надеж за иднината.“

Два разорни земјотреси со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Туркије на 6 февруари со епицентар во Кахраманмараш.

Бројот на загинати во разорните земјотреси што минатиот месец ја погодија јужна Туркије достигна 50.096.

Над 13,5 милиони луѓе во Туркије се погодени од разорните земјотреси, како и многу луѓе во северна Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

НОВИОТ ФИЛМ НА СКОРСЕЗЕ ЌЕ ИМА ПРЕМИЕРА НА КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ

Следно

Шумски пожар во северна Шпанија: Евакуирани стотици луѓе

Latest from Blog