Туркије: Над 13 илјади последователни потреси во зоната на земјотресот за еден месец

1 min read

АНКАРА (АА) – По земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени што се случија на 6 февруари со епицентар во североисточната област на Туркије, Кахраманмараш, до денес во регионот се регистрирани 13.753 последователни потреси, пренесува Анадолу.

Според добиените информации, продолжуваат последователните потреси по земјотресот што погоди 11 области од регионот.

Поради земјотресите во Кахраманмараш, до денес во регионот се регистрирани 13.753 последователни потреси.

Во соопштението од турската Агенција за управување со катастрофи и итни состојби (АФАД) се вели дека продолжуваат последователните потреси од земјотресот.

АФАД упати апел до граѓаните да не влегуваат во објектите кои се оштетени како резултат на настанатите земјотреси.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Рабио го напушта Јувентус: Сакам да играм во ЛШ

Следно

Германија: 4 лица се повредени, 1 исчезнат по сомнителна експлозија на гас

Latest from Blog