Туркије ќе ги исклучи светилките за време на „Часот на планетата Земја“ во знак на сеќавање на жртвите од земјотресот

March 24, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије утре ќе ги исклучи светилките за време на „Часот на планетата Земја“ во знак на сеќавање на жртвите од силните земјотреси во кои загинаа повеќе од 50.000 луѓе, јавува Анадолу.

Во соопштението, Светскиот фонд за природа – Туркије (ВВФ-Туркије) истакнува дека настанот „Часот на планетата Земја“ се одржува низ светот во последната сабота од март секоја година на иницијатива на фондацијата, а оваа година ќе се одржи на 25 март помеѓу 8:30 и 9:30 часот по локално време (1730-1830 GMT).

Како дел од настанот предводен од „ВВФ-Туркије“, светилките на спомениците, институциите и на домовите во Туркије ќе бидат изгаснати во спомен на оние што ги загубија животите во двата земјотреса на 6 февруари.

Невладината организација, исто така, повикува на мобилизација за време на „Часот на планетата Земја“ со цел „зелено закрепнување“ за обнова на областите погодени од земјотресот на начин отпорен на катастрофи. Заинтересираните ќе можат да ја поддржат кампањата „зелено закрепнување“ со пријавување на веб-страницата на „Часот на планетата Земја”.

„Времето речиси запре на 6 февруари. Шеснаесет години еден час ги исклучуваме светилките за да привлечеме внимание на чекорите што треба да се преземат за иднината на нашиот свет, а овој пат ќе ги исклучиме светилките во сеќавање на жртвите“, истакна Асли Пашинли, раководител на „ВВФ-Туркије“.

„Оваа година, ‘Часот на планетата Земја’ е часот кога треба да ги одбележиме загубите од најразорните земјотреси во историјата на нашата земја“, додаде таа.

Започната во Сиднеј во 2007 година како симболичен настан за исклучување на светилките, водечката глобална еколошка акција „Часот на планетата Земја“ прерасна во едно од најголемите светски движења за животната средина, инспирирајќи поединци, заедници, бизниси и организации во 190 земји и територии да преземаат конкретни еколошки активности.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Мој ДДВ“ е усогласена за поврат на повеќе пари, апликацијата треба да се ажурира

Следно

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени го потресе подрачјето на иранско-турската граница

Latest from Blog

Чиро Имобиле ја заврши фудбалската кариера

Легендарниот италијански репрезенативец, Чиро Имобиле реши да ја заврши својата професионална фудбалска кариера на 36. годишна возраст. Тој неочекувано ја донел оваа одлука непосредно пред стартот на новата сезона, каде што требаше

Агенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот за продажба, за една година вредноста пораснала за 10 милиони

Агенцијата за управување со одземен имот на крајот од 2025 година имала залихи на конфискуван имот вредни околу 48,9 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај. Пресметката на Фактор покажува дека само една година

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако
Go toTop