Туркије истакна дека се придржува кон договорите во Северна Сирија и повика на реципроцитет

December 5, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије се придржува кон договорите што ги постигна во зоните на операциите во Северна Сирија и очекува и другите да го сторат тоа, порача денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.

Потврдувајќи ја поддршката за територијалниот интегритет на Сирија, Министерството предупреди дека терористите на ПКК/ЈПГ претставуваат сериозна закана за регионалната безбедност и единството на Сирија.


Туркије нема да дозволи терористичките организации да ја искористат нестабилноста во регионот, се додава, а се нагласува и јасниот став на Анкара за борбата против тероризмот.

Министерството нагласи дека Туркије внимателно ги следи случувањата, вклучително и активностите на опозицијата во регионот на Алепо.

„Овие прашања ја одразуваат нерешената внатрешна динамика во Сирија што произлегува од неуспехот на режимот да одговори на барањата на опозицијата“, се вели од Министерството.

Туркије ѝ даде приоритет на стабилноста во регионот преку неопходните мерки и тековната соработка со локалните засегнати страни, додаде Министерството.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Слот: Очекувам и се надевам дека Салах ќе може да прикаже одлични перформанси за Ливерпул уште долго време

Следно

Бојкот на наставата во „11 октомври“ и во „Лазо Ангеловски“

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop