Туркије: Идентификуван еден од терористите што го извршија терористичкиот напад во Анкара

October 24, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја потврди дека е идентификуван еден од терористите што вчера извршија терористички напад врз комплексот на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во Анкара, главниот град на Туркије, јавува Анадолу.

„Идентификуван е мажот терорист што вчера беше неутрализиран во предавничкиот терористички напад врз ТУСАШ“, рече Јерликаја.

Тој истакна дека станува збор за терористот Али Орек, со кодно име Ројгер.

„Тој е член на терористичката организација ПКК. Работиме на идентификување на жената терорист. Ниту еден терористички напад не може да нѐ поколеба“, рече Јерликаја.

Двајцата терористи што ги нападнаа објектите во Анкара се „неутрализирани“.

Во терористичкиот напад загинаа пет лица, а 22 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Германија повикува на разоружување на Хезболах, повлекување на израелската армија од Либан

Следно

Економска соработка, инвестиции, директна авиолинија Скопје-Букурешт: Министерот Николоски оствари работна средба со романската амбасадорка

Latest from Blog

Израелски напад врз центар на ОН за хуманитарна помош во северна Газа

ГАЗА / АНКАРА (АА) – Четворица Палестинци се убиени, а повеќемина се ранети вечерва во израелски воздушен напад врз објект за дистрибуција на хуманитарната помош на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации,

Турскиот претседател Ердоган им го честита Денот на Европа на европските граѓани

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го честита на европските граѓани 9 Мај, Денот на Европа, јавува Анадолу. Според соопштението на профилот на социјалните мрежи на претседателската Дирекција за

Баер Леверкузен ја најде замената за Чаби Алонсо

Цеск Фабрегас е првиот кандидат за наследник на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен. Шпанска „Марка“ откри дека германскиот клуб од неколку кандидати за приоритет го избрал Фабергас на местото на

САД: Федерален судија нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк со кауција

ВАШИНГТОН (АА) – Федерален судија во американската сојузна држава Вермонт денес нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк, која беше контроверзно приведена од агенти за имиграција кон крајот на март, со кауција,
Go toTop