Туркије годинава бележи раст во бројот на странски туристи за 7,1 отсто

September 24, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије во првите осум месеци од годинава пречека 35,8 милиони странски туристи, што претставува зголемување од 7,1 отсто во споредба со истиот период минатата година, објави денес турското Министерство за култура и туризам, јавува Анадолу.

Руските граѓани се најбројни, со 4,55 милиони, во периодот од јануари до август, а веднаш зад нив се туристите од Германија со 4,38 милиони и од Велика Британија со 3,1 милиони.

Истанбул, најголемиот град во Туркије и главна туристичка дестинација, прими 34,3 отсто од сите странски посетители, односно вкупно 12,27 милиони. Следува медитеранскиот туристички град Анталија, кој привлече 11 милиони странски туристи, додека Едрене, во северозападна Туркије, во близина на границите на Бугарија и Грција, пречека 3,36 милиони посетители.

Само во август, бројот на странски туристи што ја посетија Туркије достигна 6,82 милиони, што е пораст на годишно ниво од 2,47 отсто.

Минатата 2023 година Туркије ја посетија 49,2 милиони туристи, додека во 2022 година 44,5 милиони.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тренерот на Партизан си поднесе оставка

Следно

Нека им е со среќа, им порача Мицкоски на Ахмети и Снопче за најавите за протести и излегување од Владата

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop