ЦУК: Сѐ уште гори кај Тажево и Јасен, еден пожар е под контрола, 13 се изгаснати

1 min read

Од 16 пожари на отворено во последното деноноќие, изгаснати се 13, два се уште се активни и еден е под контрола, информираа од Центарот за управување со кризи.  Активни пожари на отворено се кај село Тажево, општина Македонски Брод, крак кон Белица и крак кон заштитеното повеќенаменско подрачје Јасен од посебно значење за државата, во правец кон месноста одделувачи за струја.

Од Центарот информираат дека под контрола е еден пожар на отворено и се настојува да се доведе во фаза на локализирање за потоа и да се изгасне. Екипи на територијалната против-пожарна служба од Охрид ноќеска повторно беа излезени на терен и гасеа пожар на депонијата Мауцкер, што се наоѓа на самиот влез во градот. Пожарот се уште не е целосно изгаснат.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Во Франција и денеска нарушен железничкиот сообраќај

Следно

Бројот на загинати расте: Најмалку 31 Палестинец се убиен во израелски напад на болница во училиште во Газа

Latest from Blog