На територијата на земјава денеска има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, под контрола се шест, а изгаснат е еден пожар, информираше Центарот за управување со кризи.
Како се наведува во соопштението, најголемиот број на пожари во прилепско се ставени под контрола, освен пожарот кај селата Волково и Дуње, додека пожарот во близина на Дата центар е изгаснат.
Активни се пожарите во општина Чашка кај селото Степанци, во општина Зелениково кај селото Горни Дејковец, како и пожарот во општина Липково кај селото Матејче.
Под контрола е ставен и пожарот во општина Долнени кај село Десово, како и во општина Берово кај местото викано Паруца.
ИЗВОР: kurir.mk