Во два
големи земјотреси во Венецуела загинаа 920 лица, а повредени се 3.360, додека
околу 172 и понатаму се заробени под урнатините, соопшти Владата во новиот
биланс. Повеќе од 50.000 лица се водат како исчезнати, а потрагата по нив
влегува во третиот ден, пренесува агенцијата Ројтерс. Во Каракас и Маракај
вчера се почувствува уште еден потрес со магнитуда од 4,9 степени.
Извештајот
на Обединетите нации (ОН) ја процени директната штета на околу 6,7 милијарди
долари. Вршителот на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригез, и
други официјални лица ги советуваа граѓаните да се држат подалеку од Ла Гвајра,
подрачјето кое е најмногу погодено од потресите, бидејќи заглавените патишта ги
отежнуваат спасувачките операции.
Официјалните
лица најавија кое патиштата ќе бидат затворени поради дополнителни интервенции.
Помош во
Венецуела пристигнува од повеќе земји, а Соединетите Американски Држави (САД)
соопштија дека издвојуваат 150 милиони долари и ги ублажуваат санкциите кон таа
земја, додека американската војска испрати два брода и соопшти дека хеликоптери
и авиони ќе ги поддржат спасувачките напори.
Агенцијата
за миграција на ОН соопшти дека од земјотресите би можеле да бидат погодени
околу седум милиони луѓе.
Извор: vecer.mk


