“Црн биланс“ од поплавите во Европа, повеќе од 20 загинати

September 18, 2024
1 min read

Десетици загинати и исчезнати е билансот од  поплавите што изминатите денови зафатија неколку земји во Европа. Бурата Борис во делови од Австрија, Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Словачка поплави цели населби и принуди стотици илјади луѓе да се евакуираат.

Во некои области врнежите се намалуваат, но во други нивото на водата се очекува да го достигне врвот во наредните денови. Надојдениот Дунав стигна до Словачка, а за поплави се подготвуваат и во Унгарија, особено во Будимпешта, каде што армијата е веќе на терен. Словачкиот министер за животна средина Томаш Тараба вели дека нивото на водата на Дунав во текот на ноќта достигнало близу 10 метри и дека нема така лесно да се спушти.

Тој рече дека штетите од поплавите низ државата се проценуваат на околу 20 милиони евра. Во Полска градоначалникот на Вроцлав, Јацек Сутрик, рече дека автобусите биле подготвени за евакуација.

„Дополнително ќе ги зајакнеме насипите во сливот на реката Одра која се очекува да го достигне врвот в петок или можеби порано.“ – изјави Јацек Сутрик градоначалник на Вроцлав. 

Во градовите Вишеград и Сентендре, северно од Будимпешта, властите поставија мобилни брани за да ги ограничат поплавите од Дунав. Будимпешта се подготвува за рекордно ниво на вода и го затвори островот Маргарет, одморалиште со хотели и ресторани.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Обвинети петнаесет лица од УЈП во предметот „Синџир“

Следно

Едмонд Адеми е не-резиздентен амбасадор на Северна Македонија во Андора, му ги предаде акредитивите на Емануел Макрон

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop