Циклонот Фреди одзеде 1.000 животи во Малави

April 13, 2023
1 min read

БЛАНТУРЕ (AA) – Циклонот Фреди, кој го погоди југоисточниот брег на Африка, одзеде 1.000 животи во Малави, пренесува Анадолу.

Претседателот на Малави, Лазарус Чаквера, во изјавата за медиумите даде информации за причинетата штета и загинатите во циклонот.

Чаквера нагласи дека бројот на загинати во циклонот се зголеми на 1.000, додека над половина милион лица биле принудени да ги напуштат своите домови.

„Како резултат на климатските промени урнати се куќи, мостови, училишта и деловни простории, а оштетени се патишта, енергетската мрежа и земјоделско земјиште“, рече Чаквера.

Циклонот ги погоди и Мозамбик и Мадагаскар. Во Мозамбик како резултат на циклонот загинаа околу 70 лица.

Светската метеоролошка организација соопшти дека циклонот Фреди, кој се појави во февруари и траеше околу еден месец, можно е да биде најдолготрајниот циклон во историјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: Во текот на Бајрам ќе ги испорачаме првите куќи за руралните подрачја погодени од земјотресот

Следно

Ни трага, ни глас од Самоил: Продолжен притворот на осомничените за негово киднапирање

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop