Централниот комитет на СИРИЗА ја потврди одлуката за избори на партиски лидер на 24 ноември

September 22, 2024
1 min read

Централниот комитет на грчката опозициска партија СИРИЗА го усвои предлогот на Политичкиот секретаријат за одржување вонреден конгрес на почетокот на ноември и избори за партиски лидер на 24 ноември.

На вчерашниот состанок, Централниот комитет со големо мнозинство го изгласа датумот за изборите, а со 87 гласа „за“ и 84 „против“ помина и предлогот за јавно објавување на имотната состојба на претседателските кандидати, што според грчките медиуми, предизвикало низа реакции од поддржувачите на разрешениот претседател Стефанос Каселакис.

Околу 60 членови на Централниот комитет, поддржувачи на Каселакис, во знак на револт и со извикување слогани го напуштиле состанокот откако бил изгласан конкретниот предлог.

Вонредниот конгрес на СИРИЗА ќе одржи од 1 до 3 ноември за да се одобрат кандидатурите, на крајот на истиот месец се изборите, а доколку е потребен втор круг, ќе биде на 1 декември.

Пред две седмици Централниот комитет му ја одзеде довербата на партискиот лидер Стефанос Каселакис по што започнаа процедурите за избор на нов претседател.

Според последните истражувања на јавното мислење во Грција, СИРИЗА е со намален рејтинг и од втора политичка сила во земјата, паѓа на третата или четвртата позиција. 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Од 6 до 18 часот утре посебен сообраќаен режим во Битола

Следно

Серија земјотреси во близина на Света Гора, најсилниот 4,6 степени

Latest from Blog

Борче Стефановски го фати осветениот крст за Богојавление-Водици во Тетово

На годинешното празнување на Богојавление-Водици во соборниот тетовски храм „Свети Кирил и Методиј во Тетово“, осветениот крст во црковниот базен го фати 32 годишниот Борче Стефановски. Празнувањето започна со литургија која ја

Утре почнува второто полугодие од учебната 2024/2025

Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие за основците и средношколците почнува утре, 20 јануари. Според календарите за работа, наставната година во основните и во средните училишта завршува на 10

Кристина Костова: Членството е силата на партијата, не само раководството

Кристина Костова, потпретседателка на Социјалдемократскиот сојуз, е личност со повеќедецениски партиски ангажман, по професија е лингвистка, а во интервју за Рацин.мк, таа ја отвора темата за клучните предизвици и можности за партијата,
Go toTop