Цената на златото урива рекорди – анализата покажува во 2026 година стабилизација на цената и умерен раст

January 19, 2026
1 min read

Цената на златото во 2025 година порасна за околу 60 – тина проценти, а растот продолжува и во првите денови од 2026 – та. Првиот човек на ВФП Фонд Менаџмент, Петар Андреевски посочува дека главните двигатели на растот на цената на златото се континуираната куповна активност на централните банки, особено во Азија, геополитичките тензии и слабеењето на доларот, односно процесите на дедоларизација кај голем број инвеститори. Затоа, златото и натаму останува сигурно прибежиште за инвеститорите и добро е да се има во своето портфолио.

„Златото останува атрактивно секогаш засолниште за нашите инвеститори и веројатно одредена ценовна стабилност во следниот период со потенцијален умерен раст. И се разбира, потенцијални корекции во случај дел од инвеститорите да сакаат да ги повлечат своите профити.“, вели Петар Андреевски од ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје.

Освен златото, аналитичарите позитивни сигнали гледаат и кај светските берзи. Очекувањата се дека 2026 година ќе донесе раст на пазарите на капитал, со акцент на акциите, но и со зголемено внимание кон ризиците. Особено се издвојуваат европските акции, кои според анализите имаат пониски вреднувања во однос на американските, како и пазарите во развој, кои и натаму се во фокусот на инвеститорите.

„Има некој генерален консензус за исклучително позитивна 2026 година и очекуваме четврта година по ред да имаме бул – ов маркет, односно пазарот да продолжи да расте. Се разбира, постојат и ризици на пазарот на капитал, како што се геополитичките тензии, особено околу Гренланд, Венецуела, Иран, високите вреднувања на одредени компании и одредени индустрии, како и инфлациските притисоци и, се разбира, монетарната политика.“, рече Андреевски.


Во ваков глобален контекст, вниманието на инвеститорите е насочено кон Светскиот економски форум во Давос, кој почна денеска и каде што годинава се очекува учество на повеќе од 60 светски лидери, но и директори на најголемите компании и водечки инвеститори. На самитот ќе присуствува и претседателот на САД Доналд Трамп, како и македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Она што ќе биде во фокусот на инвеститорите ќе бидат разговорите и можните договори за трговските политики и тарифите, енергетската транзиција и технолошките иновации, сектори кои ќе ја дефинираат економската динамика во наредните години.

„Секој сигнал за поголема меѓународна соработка, или обратно, за зголемени бариери, како што сме сведоци во минатите неколку дена, поради случувањата во Гренланд и потенцијалните тарифи кои би ги наметнале САД спрема европските држави и обратно, одговорот од страна на европските држави спрема тие тарифи, ќе значи значајна дисторзија на пазарот на капитал, меѓутоа, ќе значи, можеби, момент за влегување на некои нови инвеститори.“, вели Андреевски.


Инвеститорите ќе ја определат насоката на светската економија, која во голема мера е диктирана од САД, и во зависност од идните потези на американските Федерални резерви, особено по изборот на нов прв човек на ФЕД што се очекува по мај и на неговата монетарна политика. Одлуките во Давос ќе бидат клучни за движењата на пазарите, инвестициите и глобалниот економски раст во 2026 година.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манасиевски: Заев и Филипче на мафијашки начин сакале да му ја одземат болницата на др. Жан Митрев

Следно

Фудбал: Македонската репрезентација останува на 66. место

Latest from Blog

Легендарниот рагби играч Том Брејди отворено зборува за процесот на развод од убавата Жизел

Како што призна Брејди, неговата последна сезона, која заврши во 2023 година, беше навистина тешка за него. „Поминував низ многу семејни проблеми. Тоа беше предизвик, едноставно влијаеше на мојата способност да играм.

БУГАРИЈА ОСТАНА ЦЕЛОСНО БЕЗ СТАБИЛНА ВЛАСТ: Собранието во хаос, сега оставка даде и претседателот Радев

Претседателот на Бугарија Румен Радев во вонредно обраќање до нацијата, поднесе оставка од функцијата. Тој се одлучи на ваков чин на датумот на кој положо заклетва за својот втор мандат пред 4

Манасиевски: Заев и Филипче на мафијашки начин сакале да му ја одземат болницата на др. Жан Митрев

На телевизија Њузмакс во емисијата „Став на регионот“ гостуваше Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ кој на самиот почеток дискутираше за скандалот и сомнежите кои се поврзуваат со претходната власт, за
Go toTop