Тројца катарски дипломати загинаа во Египет на пат кон самитот за Газа

October 12, 2025
1 min read

Тројца катарски дипломати загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Египет, објави Асошиејтед Прес (АП), повикувајќи се на официјални лица во Каиро.


Жртвите биле членови на протоколарната служба на катарското Министерство за надворешни работи, пренесува агенцијата. Нивниот автомобил се судрил со камион на околу 50 километри од Шарм ел Шеик, додека патувале кон египетското одморалиште каде што е закажан меѓународен самит за прекин на огнот во Појасот Газа за 13 октомври.

Хамас изрази сочувство до Катар поради трагедијата и ги пофали, како што е наведено, „напорите на Доха за посредување за прекин на конфликтот во Газа“.


Несреќата се случи во пресрет на спроведувањето на новиот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кој стапи на сила напладне по локално време на 10 октомври. Договорот е резултат на дипломатските иницијативи на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи го и неговиот мировен план од 20 точки за стабилизирање на регионот.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Оставаат сè за утре: Хороскопски знаци кои сакаат да ги одложуваат обврските

Следно

Коњановски: Октомври нека биде потсетник дека превенцијата спасува животи

Latest from Blog

Најголемите митови за секој хороскопски знак

Хороскопот често звучи како каталог на клишеа. Некои знаци се „опасни“, други „мрзливи“, трети „неодлучни“. Но зад секој знак има сосема поинаква реалност, тоа се луѓе со причини, емоции и логика. Еве

Колегите со поддршка за проф. д-р Кузмановски: Секогаш се однесувал со највисока стручност, одговорност и етичка посветеност

Колегите од Клиниката за неврологија преку писмо изразуваат поддршка на проф. д-р Игор Кузмановски како одговор на неодамна објавениот компромитирачки материал со кој се дискредитира неговата личност и апелираат како што посочуваат,

Вучиќ: Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема

Според него, Албанците од сите области – од Тирана, преку Приштина, до Прешево и Бујановац – „се опиени по синоќешната победа“ на албанската фудбалска репрезентација над Србија во Лесковац. „Би сакал прославата

Светското првенство нема да смени ништо: Бразил подготвува нов договор за Анчелоти

Фото: Brasil Football 🇧🇷@BrasilEdition X Италијанскиот тренер на Бразил, Карло Анчелоти, треба да потпише нов договор со петкратните светски шампиони до 2030 година. Планот е поранешниот менаџер на Реал Мадрид да остане
Go toTop