Главата на громобранот, која полицијата ја детектирала како радиоактивна материја, при граничната контрола бил пронајден во багажникот на автомобилот „ауди“ со кој тројцата Хрвати ја напуштале Србија. Осомничени се за кривично дело носење опасни материи и недозволено преработување, отстранување и складирање на опасни материи
Тројца хрватски државјани се уапсени откако на српскиот граничен премин „Бездан“ на излез од Србија полицијата кај нив пронашла глава од громобран, јави српската радио-телевизија (РТС).
Главата на громобранот, која полицијата ја детектирала како радиоактивна материја, при граничната контрола бил пронајден во багажникот на автомобилот „ауди“ со кој тројцата Хрвати ја напуштале Србија.
Тројцата хрватски државјани, како што јави РТС, се осомничени за кривично дело носење опасни материи и недозволено преработување, отстранување и складирање на опасни материи.
Тие се приведени и ќе бидат сослушани во Основното јавно обвинителство во Сомбор.
Локалните медиуми пишуваат дека за присуство на сериозната количина радиоактивни материјали укажале сензорите поставени на граничниот премин.
Регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ) пишува дека во текот на шеесетите години на минатиот век низ цела Југославија биле поставени радиоактивни громобрани како најефикасна заштита од гром. Кога било укажано дека таквите громобрани прават повеќе штета отколку корист, биле прогласени за радиоактивни.
Повикувајќи се на податоците на Агенцијата за заштита од јонизирачко зрачење и нуклеарна безбедност на Србија од 2018 година, РСЕ објави дека во Србија имало повеќе од 700 радиоактивни громобрани кои дотогаш не биле отстранети од објектите низ земјата.
Извор: 360stepeni.mk