Трипуновски за субвенциите: Ние ќе обезбедиме и зголемена поддршка во наредниот период но ќе се вложиме во спречување на злоупотреби

December 3, 2024
1 min read

„Изминатиот период за жал многу повеќе се зборуваше, а многу малку се реализираше околу субвенциите. Нашето предизборно ветување и наша обврска е редовна исплата на субвенциите кон земјоделците“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

„Имаме речиси покривање на сите гранки во земјоделскиот сектор. Денеска имаше исплата од 166.704.501,00 денари кон 3.509 корисници за дополнителна државна помош од 20% за носители на земјоделски стопанства. И исто така се исплатија и 16.724.726,00 денари кон 6 корисници за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства. До крајот на годината ќе имаме уште една тура на исплата на субвенции со тоа ќе бидат исплатени субвенции од тековната 2024 година“, појасни министерот.

Министерот Трипуновски потсети дека до пред некој период се исплаќаа субвенции од 2021, 2022, 2023 година.

„Со финансиската конструкција која што ја обезбедивме ги покриваме сите заостанати долгови. И во 2025-та ќе влеземе многу растеретени односно со тековни исплати на субвенциите согласно календарот“, нагласи министерот.

Тој посочи дека веќе се работи на програмите за субвенционирање, директните плаќање каде што ќе има одредена модификација се со цел субвенциите да имаат ефект. Со тоа ќе се превенираат и злоупотребите кои во минатото се случувале.

„Ќе има засилени контроли. Веќе разговарав со директорот на Платежната агенција и со директорот на Земјоделскиот инспекторат, капацитетите на Земјоделскиот инспекторат односно инспекторите кои што се во таа институција да се стават дополнително во функција на Платежната агенција, што ќе значи максимално превенирање на злоупотреба на финансиски средства“, потенцираше министерот Трипуновски.

„Ние ќе обезбедиме и зголемена поддршка во наредниот период меѓутоа и максимално ќе се вложиме во затворање на оној т.н. вентил на непродуктивни трошења, злоупотреби во тој дел“, појасни тој.

Министерот додаде дека целта е парите да стигнат навремено во вистинските раце, т.е. во рацете на земјоделците.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

Следно

Мицкоски по средбите со Кос и Кошта: Ултиматуми не прифаќаме, подготвени сме да разговараме

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop