Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

1 min read

 

Тринаесет маратонци од Македонија утре попладне од Нова Градишка, Хрватска ќе тргнат на пат кон Крушево, до вечното почивалиште на Тоше Проески во рамките на 17. ултра маратон што се одржува во негова чест.

Маратонците, како што соопшти организаторот Спомен дом Тодор Проески, утрово пристигнаа во Загреб, во македонската православна црква „Света Злата Мегленска“, каде беше одржана литургија во чест на Тоше. Според агендата предвидено е да имаат прием од македонскиот амбасадор во Загреб Милиам Фетаи.

На пат кон родниот град на Тоше, Крушево, маратонците ќе тргнат утре во 17 часот, од пред неговото спомен-обележје во Нова Градишка.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Нов светски рекорд: Чепнгетич истрча најбрз маратон во историјата

Следно

Барање за повлекување мировници

Latest from Blog