Три лица заглавени кај Никифорово, роднините бараат помош

December 2, 2024
1 min read

Тројца мажи се заглавени во снегот близу село Никифорово, а сопругата на еден од нив бара помош за нивно извлекување.

Во изјава за Телма, таа рече дека мажите се заглавиле во месноста Црн Камен, на излезот од Никифорово, веќе два часа.

„Тргнале да се вратат во Скопје откако патот бил исчистен со машина, но веднаш по излезот од селото се заглавиле. Автомобилот има синџири, но сепак не можат да се ослободат. Тие стојат во автомобилот, телефоните им се при крај, и се обидуваат да ја буткаат колата, но без успех. Се надеваат на помош. Јас веќе ги известив ЦУК и Македонија Пат, но се уште се заглавени,“ рече сопругата во телефонскиот разговор.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Филипче: Неприфаќањето на лидерска средба е сигнал за политичка калкулација од тензиите

Следно

Ѓоковиќ: Следната сезона ќе се борам за Гренд слем титули

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop