Tрансродовите лица денеска на марш низ Скопје

March 31, 2023
1 min read

Во рамки на кампањата за одбележување на 31 Март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица денеска во Скопје ќе се одржи марш за видливост на трансродовите лица, на кој ќе биде испратена пораката „И мојот идентитет постои“. 

Како што информираат од Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“, маршот ќе  почне пред Владата.

„TрансФормА“ заедно со трансродовите лица, активистите и нивните поддржувачи се приклучува петти пат кон глобалната акција за солидарност со трансродовите лица, со цел намалување на насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група.

– Како и сите претходни години, и оваа година децидно и недвосмислено бараме законот за правно признавање на родот да биде конечно ставен во собраниска процедура со што пратениците ќе ја добијат можноста да гласаат онака како што ветуваа пред да бидат избрани и онака како што Европскиот суд за човекови права и наложи на оваа Влада како обврска. За политичките субјекти можеби ова е интригантна политичка игра и собирање поени, меѓутоа Ве уверуваме дека за трансродовата заедница ова е единствен начин да започне да ги остварува и ужива своите најелементарни човекови права, се наведува во соопштението од Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“.

Меѓународен ден на видливост на трансродовите е годишен настан што се случува на 31 март, ден на кој се слават трансродовите луѓе и е посветен на подигање на свеста за дискриминацијата со која се соочуваат трансродовите лица ширум светот.  

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Столтенберг ја поздрави ратификацијата од турскиот Парламент на приклучувањето на Финска кон НАТО

Следно

Демонстрации против полициското насилство во Франција

Latest from Blog

Земјотрес го погоди Санторини

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во 02:25 часот наутро во близина на грчкиот остров Санторини. Според податоците од Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина, епицентарот

Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со тешкотии при усвојувањето на законот на Трамп

Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со предизвици во обидот да го усвојат пакетот намалувања на даноците и буџетот од претседателот Доналд Трамп, кој инсистира законот да биде усвоен до утре, 4

Одбиено обвинението против кумановскиот градоначалник, обвинителството се откажа од обвинението

Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопшти кумановскиот суд. -Основниот суд Куманово заради интерес на јавноста
Go toTop