Трамп се врати во Флорида откако се изјасни за невин по 34-те обвиненија во Кривичниот суд во Њујорк

1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, синоќа ја напушти зградата на Кривичниот суд во Њујорк откако се изјасни дека не е виновен по 34 точки од обвинението по кое се товари, јавува Анадолу.

Трамп го сослуша обвинението во судот во Менхетен, по што се изјасни дека не е виновен, а потоа излезе од судницата и отпатува за Флорида, од каде пристигна во Њујорк за да им се предаде на судските власти поради обвинението против него.

На фотографиите објавени во американските медиуми, Трамп е виден како седи покрај својот адвокат, чекајќи да го чуе обвинението во судницата.

Големата порота на Њујорк минатата недела подигна обвинение против Трамп во врска со тужбата поврзана со исплатата на финансиски средства на Сторми Даниелс, актерка во филмови за возрасни.

Трамп под силна придружба на тајната служба и строги мерки за безбедност пристигна во зградата на судот за да го чуе обвиниението.

Во судот не му беа ставени лисици на Трамп.

„Изгледа толку надреално… Изгледа дека ќе ме приведат“, наведе Трамп на социјалните мрежи непосредно пред да влезе во зградата на судот.

Поранешниот претседател на САД се соочува со обвинение за фалсификување деловни документи и заговор во врска со неговата наводна улога во тајни исплати на финансиски средства.

Поддржувачите на Трамп се собраа пред зградата на судот во Менхетен пред да му биде прочитано обвинението, во услови на засилени безбедносни мерки.

Трамп претходно го нарече обвинението „лов на вештерки“ и „политички прогон“.

Со ова обвинение, Трамп стана прв поранешен претседател во историјата на САД кому кривично му се суди.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

ДАЛИ И НЕГО ЌЕ ГО ГЛЕДАМЕ ВО САУДИСКА АРАБИЈА: На Меси му се нуди договор тежок 400 милиони евра годишно

Следно

Макрон пристигна во Кина: Разговорите со Си Ѓинпинг ќе траат шест-седум часа

Latest from Blog