ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Катар, негова втора станица од турнејата низ Персискиот Залив по посетата на Саудиска Арабија, пренесува Анадолу.
Авионот на Трамп слета на Меѓународниот аеродром „Хамад“, каде што беше пречекан од катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, според снимката емитувана на катарската телевизија.
Тековната турнеја на американскиот претседател ги вклучува и Обединетите Арапски Емирати.
Извор: Anadolu Agency (AA)