Трамп очекува да биде уапсен во вторник, повика на протести

March 18, 2023
1 min read

Се прават безбедносни подготовки за можноста Трамп да биде обвинет во следните недели и да се појави во судница. „Асошиејтед прес“, повикувајќи се на анонимни извори, објави дека властите само се подготвуваат во случај на обвинение

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека очекува да биде уапсен во врска со истрагата од страна на окружниот обвинител на Менхетен следната недела и повика на протести поради тоа. 

Во објава денеска на социјалните мрежи, Трамп, мислејќи на себе, рече дека „водечкиот републикански кандидат и поранешен претседател на Соединетите Американски Држави ќе биде уапсен во вторник следната недела“. 

Тој се повикува на извори од канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен. 

„Протест, да си ја вратиме нацијата назад“,

напиша тој.

Државниот обвинител на Њујорк води истрага против Трамп за плаќање мито на една порно-актерка. Адвокатите на Трамп наводно пред шест години ѝ платиле на Сторми Даниелс да молчи за нејзината наводна афера со Доналд Трамп, а њујоршкото обвинителство размислува околу можноста да покрене обвинение по таа основа.

Во меѓувреме, официјални лица за спроведување на законот во Њујорк прават безбедносни подготовки за можноста Трамп да биде обвинет во следните недели и да се појави во судница на Менхетен. Нема информација за какво било потенцијално гласање околу тоа дали да се подигне обвинение против Трамп или не.

„Асошиејтед прес“, повикувајќи се на анонимни извори, објави дека властите само се подготвуваат во случај на обвинение. Изворите ги опишале разговорите како прелиминарни и дека се разгледувала безбедноста, планирањето и практичноста на потенцијалното појавување на Трамп во суд.

Адвокатот на Трамп изјавил дека ако Трамп биде обвинет, ќе ги следат нормалните процедури. Од Канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен нема коментар.

Големата порота сослушуваше сведоците, вклучително и поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, кој вели дека во 2016 година организирал исплати на две жени за да ги замолчи за сексуалните средби за кои рекле дека ги имале со Трамп една деценија порано.

Трамп негира дека се случиле средбите, вели дека не направил ништо погрешно, а истрагата ја оквалификува како „лов на вештерки“ од демократски обвинител кој сака да ја саботира претседателската кампања на републиканецот во 2024 година.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Чавушоглу: Анкара и Каиро што поскоро ќе ги подигнат дипломатските односи на највисоко ниво

Следно

ОН: Четири милиони Авганистанци ќе добијат помалку храна поради недостиг на средства

Latest from Blog

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се
Go toTop