Трамп: Корумпираната администрација на Бајден покренала ново обвинение против мене

1 min read

Трамп претпоставува дека новото обвинение дошло поради доверливи документи кои биле пронајдени на неговиот имот во Флорида, по завршувањето на претседателскиот мандат

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER EPA-EFE/CJ GUNTHER

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп преку социјалните мрежи изјави дека против него е покренато обвинение, за што неговите адвокати биле информирани од администрацијата на актуелниот претседател Џо Бајден.

 „Коруптивната администрација на Бајден ги извести моите адвокати дека сум обвинет“,

напиша Трамп на својата платформа „Трут сошал“ (Truth Social).

Трамп претпоставува дека новото обвинение дошло поради доверливи документи кои биле пронајдени на неговиот имот во Флорида, по завршувањето на претседателскиот мандат.

Тој наведува дека има покана од судот во Мајами за следниот вторник, но поранешниот претседател не дал докази за писмените изјави.

Британските медиуми пренесуваат дека не биле во можност веднаш да ги потврдат деталите за напишаното, а адвокатите на Трамп не биле достапни за коментар.

Трамп претходно беше обвинет од Окружното обвинителство на Менхетен за фалсификување деловни документи во врска со пари платени на порно ѕвезда во замена за молчење за аферата пред претседателската трка во 2016 година.

Министерството за правда истражува дали Доналд Трамп ги злоупотребил доверливите документи што ги чувал дури и откако ја напуштил канцеларијата во Белата куќа на почетокот на 2021 година.

Пред речиси една година, истражителите запленија приближно 13 000 документи од имотот на Трамп Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида. Околу 100 од нив се класифицирани како доверливи, иако еден од адвокатите на Трамп претходно изјави дека сите доверливи записи се вратени.

Трамп се бранеше дека ги задржал документите, сугерирајќи дека ги декласифицирал додека бил претседател.

Седумдесет и шестгодишникот Трамп во ноември официјално објави дека ќе се кандидира повторно за претседател на изборите во 2024 година.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Бугарија има двотретинско мнозинство за смена на Румен Радев

Следно

Матео Ковачиќ ги договори личните услови со Манчестер Сити

Latest from Blog