Трамп ќе може да се врати на Фејсбук и Инстаграм

January 26, 2023
1 min read

Од компанијата Мета, во чија сопственост се овие социјални мрежи, велат дека со оглед на неговите претходни прекршувања на политиката на овие медиуми, Трамп сега се соочува со зголемени казни за евентуалното повторување на прекршоците – казни кои ќе се применуваат и за други јавни личности чии профили на Фејсбук и Инстаграм се вратени по суспензии

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе може да ги врати своите профили на Фејсбук и Инстаграм откако тие беа суспендирани пред точно две години поради немирите во Капитол Хил на 6 јануари 2021 година.

Ваквата информација ја објави компанијата Мета, во чија сопственост се Фејсбук и Инстаграм, при што додаваат дека Трамп ќе може да се врати на овие социјални мрежи во наредните две недели.

Во објавата на компанијата се вели дека мерката за суспендирање на профилите на експретседателот на САД била времена и траела две години, а сега, по истекот на суспензијата, профилите на Трамп ќе бидат вратени, но со нови заштитни мерки кои би спречиле повторно прекршување на правилата на социјалните мрежи.

„Во случај господинот Трамп да објави содржина што ги прекршува стандардите на заедницата, но доколку според нашата политика за објавување процениме дека постои јавен интерес да се знае дека господинот Трамп ја дал изјавата, можеме да ја ограничите дистрибуцијата на таквите објави, но да ги оставиме видливи на неговиот профил“,

се вели во објавата на Мета.

Трамп ќе може да ги врати своите профили на Фејсбук и Инстаграм во наредните две недели

Од компанијата додаваат дека со оглед на неговите претходни прекршувања на политиката на овие медиуми, Трамп сега се соочува со зголемени казни за евентуалното повторување на прекршоците – казни кои ќе се применуваат и за други јавни личности чии профили на Фејсбук и Инстаграм се вратени по суспензии.

„Во случај господин Трамп да објави дополнително несоодветна содржина, таа ќе биде отстранета и тој ќе биде суспендиран од еден месец до две години, во зависност од тежината на прекршувањето“,

посочуваат од компанијата.

Најголемата светска компанија за социјални медиуми Мета, никогаш претходно ги немаше блокирано профилите на актуелен шеф на држава поради кршење на правилата за содржина.

Компанијата на неодредено време му го укина пристапот на Трамп до неговите профили на Фејсбук и Инстаграм откако отстрани две негови објави за време на упадот во Капитол Хил, вклучително и видео во кое тој го повтори своето тврдење за широко распространета гласачка измама за време на претседателските избори во 2020 година.

Потоа го упати случајот до својот независен надзорен одбор, кој одлучи дека суспензијата е оправдана, но нејзината неодредена природа не е. Како одговор, Мета рече дека повторно ќе ја разгледа суспензијата две години по нејзиното воведување.

Обновувањето на профилите на овие социјални мрежи може да му даде поттик на Трамп, кој во ноември објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во САД во 2024 година. Тој има 34 милиони следбеници на Фејсбук и 23 милиони на Инстаграм – платформи кои се клучни средства за политичко доближување.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Задолжителен паркинг за велосипеди – Центар одлуката ја донесе уште минатата година

Следно

Жена се обидела да го отруе Трамп – се соочува со повеќе од 20 години затворска казна

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop