Трагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсен

October 15, 2026
1 min read

Сите загинати ученици биле помлади од 13 години. Сопственикот на училиштето е уапсен, а претседателот на Пакистан побара сеопфатна истрага за причините за несреќата.

Најмалку 33 ученици и еден наставник загинаа кога се урна покривот на училиште во Пешавар, главниот град на пакистанската провинција Хајбер Пахтунхва. Спасувачките служби стравуваат дека под урнатините има уште заробени деца, што значи дека бројот на жртвите би можел дополнително да се зголеми, јавуваат локалните медиуми.

Загинатите деца биле на возраст меѓу шест и 12 години, изјави Мохамад Асим, портпарол на болница во Пешавар. Деветнаесет лица се повредени, од кои петмина се во критична состојба, додаде тој.

Полицијата го потврди апсењето на сопственикот на училиштето, кое се наоѓа во населбата „Дир Колони“ и работело во рамките на образовна фондација.

Станува збор за приватно училиште лоцирано во северниот дел на градот. Во тек е истрага, а се претпоставува дека причина за уривањето на покривот е слабата конструкција.

„Конструкцијата на објектот беше слаба. Покривот беше преоптоварен поради дополнителна градба врз нестабилна рамка, што доведе до уривање“, изјави началникот на полицијата. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изрази длабока тага поради трагедијата што се случи во училиштето. Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари, исто така, упати сочувство.

„Оваа потресна трагедија ја потресе целата нација“, рече тој.

Претседателот на Пакистан, исто така, повика на сеопфатна истрага за утврдување на причините за несреќата, како и на преиспитување на безбедносните стандарди во училишните објекти, со цел да се спречат слични трагедии во иднина.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Негативна историја: Италијански дебакл во Лигата на шампионите

Latest from Blog

Негативна историја: Италијански дебакл во Лигата на шампионите

Италијанските клубови испишаа негативна историја во Лигата на шампионите. За првпат досега, екипите од Серија А забележаа четири порази во едно коло од елитното европско натпреварување. Во вторникот, италијанскиот шампион Интер неочекувано

Димитровски: Со „Energy Community“ ги утврдуваме потенцијалите за обновлива енергија во Битола

Претставници на општина Битола учествуваа на форумот „Зајакнување на учеството на граѓанското општество и социјалниот дијалог во праведната енергетска транзиција“, кој се одржа во Скопје. Секретарот на општина Битола Борче Димитровски, се

Милошоски: СДСМ остави отворена врата за ново бугарско вето, овојпат за Македонскиот јазик во ЕУ

Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ, објави Антонијо Милошоски на својот фејсбук профил, кој го пренесуваме во целост. „Една од тезите со која Филипче ја

ПАРИЗ ЈА ЗАПИРА ПОДДРШКАТА ЗА УКРАИНА, ако Ле Пен стане претседателка на Франција

Франција драматично ќе ја промени својата надворешна политика и целосно ќе ги замрзне сите финансиски и економски инјекции за Украина во рок од само шест месеци доколку таа победи на претстојните претседателски
Go toTop