Tрагедија вечерва во Илинден: Девојче загина, откако малолетници опожариле цистерна

February 25, 2023
1 min read

Несреќа се случила вечерва во населбата Илинден во Скопје.

Според информациите малолетно девојче починало откако експлодирала цистерна кај железничката станица.

До експлозијата дошло откако малолетници од засега непознати причини ја опожариле цистерна која потоа експлодирала.

Не е познато дали двете малолетни деца кој ја опожариле цистерната и починатото малолетно девојче биле заедно .

Oд полицијата го потврдуваат настанот, но немаат потврда за починато лице бидејќи увидот на терен се уште трае. Информацијата дека малолетно женско лице е најверојатно починато и полицијата добила од двете малолетни деца кои самите го пријавиле настанот во полиција и кажале дека имало и девојче кое најверојатно настрадало.

„Во 21.05ч. во ПО-Петровец С. К. пријавил дека во населба Илинден  кај железничката  станица,  од страна на малолетни лица   опожарена  е цистерна.  Двете малолетни деца   се кај него дома   и по обавениот разговор  со децата  посочено е дека на  цистерната  најверојатно има  малолетно женско лице  и истото е починато.

На лице место се упатени полициски службеници за расчистување на случајот. Ова е првична информација според тоа како е пријавено. Повеќе детали ќе имаме подоцна.„ велат од МВР. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Портпарол на Судскиот совет води пропагандна војна против ВМРО-ДПМНЕ преку медиуми блиски на СДСМ

Следно

Едно лица почина како последица на пожарот кој зафати цистерна во Илинден

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop