ТРАГЕДИЈА: Седумчлено семејство се спаси од земјотресот, настрада во пожар во Турција

1 min read

Седумчлено семејство од Сирија, родители и пет деца загинаа во пожар што ја зафати куќата во Турција каде што побегнаа откако го преживеаја земјотресот минатата недела, јавуваат локалните медиуми.

Турската државна агенција Анадолија јави, повикувајќи се на писменото соопштение на главното јавно обвинителство, дека избувнал пожар во еднокатна куќа во која живееле 14 лица. Седум лица повредени во инцидентот се згрижени, се наведува во соопштението.

Анадолија пишува и дека семејството што загинало се преселило во централниот регион на Конија пред само неколку дена од градот Нурдаги во југоисточна Турција во провинцијата Газиантеп, кој беше тешко погоден од земјотресот на 6 февруари.

-На лице место се извршени потребните истраги и е назначена стручна комисија, се наведува во соопштението.

Петте деца кои загинаа биле на возраст меѓу четири и 13 години, јавува Анадолија.

Турција е дом на речиси четири милиони Сиријци.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Вучиќ и Курти на 27 февруари повторно ќе седнат на заедничка маса во Брисел

Следно

Дојава за бомба во 12 скопски училишта

Latest from Blog