Тошковски: Најдобрите студенти од Факултетот за безбедност директно ќе се вклучуваат во МВР

December 24, 2025
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, каде што присуствуваше на академско кафе со студентите и професорите, како и на свечената промоција на дипломираните и магистрираните студенти.

Како што информираше Тошковски, средбата со студентите била можност за отворена и искрена размена на идеи, размислувања и визии за иднината на државата и за изградба на силни и функционални институции. Во разговорите биле опфатени реформите што ги спроведува Министерството за внатрешни работи, ефектите од системот „Безбеден град“, враќањето на средното полициско училиште, дигитализацијата на услугите, како и инвестициите во човечки и технички капацитети.

Министерот истакна дека дипломираните и магистрираните студенти од Факултетот за безбедност претставуваат клучен потенцијал за иднината на безбедносниот систем во земјава, нагласувајќи дека тие не се само академски кадар, туку идни чувари на безбедноста, редот и правдата.

Тошковски најави и конкретен чекор напред од страна на МВР, со кој ќе се овозможи најдобрите студенти од Факултетот за безбедност во иднина директно да се вклучат во институцијата и своето знаење да го стават во служба на безбедноста на граѓаните.

„Македонија има потреба од нивното знаење, енергија и посветеност. Со одговорност, знаење и европски вредности, заедно можеме да ја градиме државата каква што ја заслужуваме“, порача министерот за внатрешни работи.

Денеска на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ присуствував на академско кафе и промоција…

Posted by Панче Тошковски on Wednesday 24 December 2025

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски ги израдува најмалите во прилепските градинки

Следно

Сувото месо се чува во замрзнувач до 12 месеци

Latest from Blog

ВЕ БОЛАТ КОЛЕНАТА И КОСКИТЕ? Вклучете го ова во исхраната и зглобовите ќе бидат како „подмачкани“

Правилната исхрана богата со специфични нутриенти може да игра клучна улога во зачувувањето и можната регенерација на ’рскавицата, како и во долгорочното здравје на зглобовите. Болките во зглобовите и колената стануваат сè
Go toTop