Тошковски: Македонскиот и турскиот народ се два блиски народи кои соработуваат и се почитуваат на сите полиња

December 21, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес се обрати на свечената манифестација по повод 21 Декември – Ден на наставата на турски јазик во организација на Сојузот на турски невладини организации во Македонија. На настанот присуствуваше и претседателот на Големото народно собрание на Република Турција Нуман Куртулмуш.

Министерот Тошковски во своето обраќање истакна дека во богатиот спектар на ова наше македонско тло, на нашата убава Македонија, турската етничка заедница претставува врзовно ткиво, длабоко фундирано во културниот, историскиот и општествен развој на нашата држава.

„Таа позиција изградена со силната лојалност и добронамерност, со солидарност и уважување на сограѓаните, заслужува највисок можен респект. Македонскиот и турскиот народ се два блиски народи кои соработуваат и се почитуваат на сите полиња, од културно до технолошко.
Оттаму, денешното наше заедничко чествување на Денот на настава на турски јазик, треба да се сфати како одбележување на датум што ја надминува сопствената симболика, како празник кој што безрезервно го заслужува пиететот, почитта и искреното уважување од сите наши граѓани.“, подвлече министерот Тошковски.

Тошковски го честиташе денешниот празник, Денот на настава на турски јазик, со уверување дека исто како и нашите претходници и ние сегашните генерации ќе им оставиме на оние што ќе дојдат по нас наследство изградено од цврсто заедништво, меѓусебно почитување и партнерство, како темелни вредности на заедничкиот натамошен опстој.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Самохрана мајка со дете со аутизам: Нема пари да го носи ниту на логопед

Следно

Се одржува меѓународен таеквондо турнир „Кобра ОПЕН“

Latest from Blog

Гордана Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш кој престојува во официјална посета на нашата држава. На средбата се разговараше за зајакнување на повеќедецениските билатерални односи,

САД со осуда за рускиот напад на Киев во кој беше оштетена и македонската амбасада

Откако Русија со балистичка ракета уби едно лице и ја оштети зградата во која која се наоѓаат неколку дипломатски мисии, вклучувајќи ги оние на Албанија, Аргентина, Чешка, Црна Гора, Северна Македонија и

Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш кој денеска престојува во официјална посета на нашата држава. На средбата, како што информираат од Кабинетот на претседателката,
Go toTop