Тошковски: Имаме оперативни информации дека екс градоначалник на ДУИ директно бил вклучен во организирањето на настаните на 28 ноември

December 6, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во гостување на Сител потврди дека се фатени сторителите кои го нарушиле јавниот ред и ги сквернавеле државните симболи на 28 ноември.

Сепак, истрагата за можни организирани групи кои ги поттикнале овие дејствија продолжува.

Тошковски откри дека безбедносните служби располагаат со информации за вклученост на високи структури на ДУИ во овие настани, но нагласи дека МВР ќе постапи со факти и докази, без политички прогони.

„Не би сакал сега да излегувам со информации во јавноста, но факт е да дека има одредени оперативни информации дека поранешен градоначалник на ДУИ директно бил вклучен заедно со друга група во делот на организирање на овие настани, но за разлика од претходно кога имавме политички прогони еден тон, сега МВР постапува по насока на ЈО со факти и докази, не одиме слепо како претходно. Така ќе биде и во овој случај. Доколку обезбедиме докази ќе постапиме“, вели Тошковски.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кадриу и Ајдари, ќе ја бојкотираат седницата на Уставниот суд со Законот за јазици

Следно

Дожд до вторник- УХМР со најнова прогноза (ФОТО)

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop