Тошковски и Дачиќ утре во Куманово

1 min read

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, отпатува во официјална возвратна посета на Република Македонија, каде што утре, 10 октомври, во Куманово ќе се сретне со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, јави дописникот на МИА од Белград.

-На крајот од месец јули годинава во Белград министерот Дачиќ оствари средба со министерот Тошковски за време на неговата официјална посета на Република Србија, на која се разговараше за натамошното унапредување на соработката меѓу двете соседни земји во областа на внатрешните работи. По тој повод, министерот Тошковски го покани министерот Дачиќ да ја посети Република Македонија, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија.

Во фокус на разговорите на министерот Панче Тошковски во Белград со вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ покрај полициска соработка беше и борба за справување со организираниот криминал и подобрувањето на соработката во делот на граничните премини, а беа договорени во август, мешовити полициски патроли во Охрид.

Според медиумите во Србија, тема на разговорите во Куманово се мигрантските процеси

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Северна Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025 – 2027

Следно

ДУИ бара реакција од меѓународната заедница – „Шокантна е одлуката на Уставниот суд“

Latest from Blog