Торонто ќе воведува данок на дожд

1 min read

Давачката официјално е за „менаџмент на атмосферски води“ и треба да почне да се наплаќа од април, а главен критериум за тоа кој колку ќе плаќа ќе биде обемот на имотот што е под тврда површина. Парите ќе бидат искористени за унапредување на канализациската мрежа.

Под тврда површина потпаѓаат кровови, асфалтирани патеки, паркинг и бетонско уредување на дворот.

Овие површини се земаат како критериум бидејќи не дозволуваат атмосферски води да понираат во почвата па се излеваат на улица и го преполнуваат канализацискиот систем на градот, по што се случуваат поплави.

Инаку, граѓаните на Торонто, веќе како дел од сметката за вода плаќаат надомест за менаџирање на атмосферските води. Моментално градот наплаќа 4,51 долар за метар кубен вода за првите 5.000 кубни метри, а потоа 3,16 за секој иден.

Инаку, по речник „граѓаните“ се:
– торонтчанец м.
мн. торонтчани
– торонтчанка ж.
мн. торонтчанки

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Герасимовски: Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и да ги пренаменуваат

Следно

НЀ НАРЕКУВААТ „ДОМАЌИНСКИ ТЕАТАР“, А ПОКРАЈ СЀ, И ДОМАЌИНЛУКОТ МУ ГО ДОЛЖИМЕ НА РИСТЕ СТЕФАНОВСКИ, РЕЧЕ ДИРЕКТОРКАТА НА ДРАМСКИ ЗА 27 МАРТ

Latest from Blog