Денес, во Дневниот центар во Пробиштип, градоначалникот Тони Тоневски заедно со вработените и корисниците го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
„Лицата со попреченост заслужуваат да ги користат сите права рамноправно со останатите граѓани – не само денес, туку секој ден од годината. Нивните очекувања се едноставни, а суштински: еднаквост, поддршка и можност за нормален и достоинствен живот во заедницата“, истакна Тоневски.
Оваа година се навршуваат 20 години од отворањето на Дневниот центар, кој успешно функционира како место на љубов, посветеност и професионална грижа. Градоначалникот ја истакна благодарноста до сите вработени за нивниот неуморен труд и хуманост.
„Општина Пробиштип ќе продолжи да работи на унапредување на условите за живот на сите граѓани, вклучително и лицата со попреченост, преку надминување на пречките и активно вклучување во социјалниот, културниот и општествениот живот“, додаде Тоневски.

