Кралицата на Божиќ заработува неверојатни суми на една песна

December 3, 2025
1 min read

Повеќе од 30 години, со доаѓањето на декември, еден добро познат глас почнува да се слуша преку бројни звучници низ целиот свет. Секако станува звор за „Кралицата на Божиќ“, Мараја Кери  и нејзиниот голем хит „All I Want For Christmas Is You“.

И секоја година оваа песна ѝ носи на Кери голема сума пари „под новогодишната елка“.

Иако точните износи се деловна тајна, Форбс и Економист проценија дека Кери заработува помеѓу 2,3 и 2,8 милиони евра секоја година од авторски права за оваа песна.

Билборд процени дека таа заработила околу три милиони евра само во 2022 година од преземање и стриминг на песни.

Според Њујорк пост, од 2021 година, пејачката заработила вкупно над 60 милиони долари откако песната излезе, а според Унилад, Кери заработува дури 316 долари на час само од песната, што е неверојатно со оглед на тоа што станува збор за песна што се пушта нешто повеќе од еден месец годишно.

Самата пејачка неодамна ги откри за „The Sun“ своите планови за одмор.

– Ќе одиме во Аспен, моето омилено место за прослава на Божиќ. Секогаш има снег, тоа е најдоброто место досега – рече таа и објасни дека секогаш организира секакви активности со своето семејство, вклучително и возење со санки.

Претходно, таа изјави за „Billboard“ дека никогаш не сонувала дека нејзината песна ќе стане таков хит. – Како можев да знам? Беше толку рано во мојата кариера и повеќето млади музичари не пееја божиќни песни на почетокот на својата кариера – рече таа.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новото лице на локалната власт: Игор Николоски заменик градоначалник во Прилеп

Следно

Тоневски го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост во Пробиштип

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop