Томовски: Граѓаните ќе можат да ги следат можните злоупотреби на службени возила

December 6, 2024
1 min read

Ќе ги повикаме на одговорност, бидејќи ние одговараме само пред народот. Така, ако сме посегнале да менуваме закони и да воспоставуваме некаков ред треба сите од нас поединечно да ги почитуваме тие закони“, изјави во својот воведен говор директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски на вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“.

Томовски истакна дека една од главните пораки која сака да се испрати со промена на таблички на возилата во државна и општинска сопственост е да престане злоупотребата на истите за свои лични цели, како што беше пракса во минатото од одредени функционери.

-Во координација со сите членови на работната група, утврдивме да одиме со позадина на црвена боја и букви и бројки со жолта боја. Се одлучивме за овие бои затоа што се помаркантни и нема да може да се одбегнува од јавноста, така што сметам дека и бојата е соодветна, дециден беше Томовски.

Томовски посочи дека она што е клучно е и самата јавност да може да врши мониторинг, притоа јасно истакна дека доколку постои злоупотреба ќе следува одговорност.

„Поентата е и јавноста да биде надзор. Каде, кога и за што се возат службени возила. Сакаме да отвориме телефонски линии и маил, каде што граѓаните ќе може да пријавуваат злоупотреба на тие возила и да се даде насока на сите институции каде ќе се затекне злоупотреба да постапат соодветно. Дали тоа ќе биде дисциплинска или ред други работи кои произлегуваат од прекршување, односно злоупотреба и на тој начин со законски измени да може да се утврди и казна за злоупотребата“, заклучи Томовски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

МВР најавува санкции за оние кои продаваат пиротехнички средства

Следно

Колумбија ги негираше тврдењата на ОН за криење на 20.000 тела на аеродромот

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop