Тесна трка на утрешните парламентарни избори во Финска

April 1, 2023
1 min read

Според последната анкета од пред два дена, Националната коалициска партија би добила 19,8 отсто од гласовите на Финците, а Социјалдемократска партија има рејтинг од 18,7 отсто. Националистичката партија Финци, на Рика Пура, се најде меѓу нив со 19,5 отсто

Во пресрет на утрешните парламентарни избори во Финска, кои се сметаат за многу неизвесни, лидерот на десницата Петери Орпо е оптимист дека неговата партија ќе ја победи Социјалдемократската партија на премиерката Сана Марин и ќе го даде идниот премиер на земјата.

Сана Марин – претседателка на Социјалдемократската партија и актуелна премиерка на Финска
Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Француски медиуми пренесуваат дека анкетите на јавното мислење покажуваат дека десничарската Национална коалициска партија на Орпо е прва во рејтинзите со мала предност пред социјалдемократите на Сана Марин.

Петери Орпо – претседател на Националната коалициска партија
Фото:EPA-EFE/MAURI RATILAINEN

„Водевме одлична кампања, ги имаме најдобрите кандидати во цела Финска и сме први во анкетите, така што јас сум оптимист“,

рече Орпо.

Кандидатот на партијата која била прва на изборите традиционално ја добива премиерската функција под услов да успее да собере мнозинство во парламентот. Меѓутоа, исходот од изборите е сè уште неизвесен.

Според последната анкета од пред два дена, Националната коалициска партија би добила 19,8 отсто од гласовите на Финците, а Социјалдемократска партија има рејтинг од 18,7 отсто. Националистичката партија Финците, на Рика Пура, се најде меѓу нив со 19,5 отсто.

Рика Пура – претседателка на партијата Финци
Фото: EPA-EFE/MAURI RATILAINEN

Партијата на Пура е и евроскептична и антиимигрантска. Таа никогаш не успеа да се искачи на врвот на популарноста во земјата.

„Сакам да ја поправам нашата економија, сакам да го стимулирам економскиот раст“, ​​

рече Орпо денеска одговарајќи на прашањето на Франс прес за тоа што го разликува од неговиот главен конкурент, 37-годишната Марин.

„Мислам дека тоа е главната разлика. Таа не е загрижена за економијата, не е загрижена за долгот“, рече Орпо кој предлага план за заштеда на јавната потрошувачка од повеќе од шест милијарди евра. Меѓутоа, Марин го обвинува дека сака да земе пари од сиромашните за да им ги даде на богатите.

„Сана Марин беше многу добра во меѓународните односи, но ситуацијата во Финска, дома, е многу тешка и ветувам дека ќе најдам лек за тоа“,

рече Орпо.

Утрешното гласање се совпаѓа со новото поглавје во историјата на Финска – нејзиниот влез во НАТО. Ова приклучување ќе биде официјално објавено следната недела.

„Многу сум горд бидејќи Националната коалициска партија, мојата партија, е прва и единствена партија која 20 години ја бранеше идејата за членство во НАТО и денес речиси се приклучивме на Алијансата“,

рече Орпо.

Насловна фотографија: EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТО) Во торнадата во САД досега загинаа најмалку 11 луѓе

Следно

(ФОТО) Не запираат протестите против израелскиот премиер Нетанјаху

Latest from Blog

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја
Go toTop