Тен Хаг по ремито со Лидс: Недозволиво лошо го почнавме натпреварот

1 min read

Во заостанат натпревар од 8. коло во Премиер лигата, Манчестер јунајтед синоќа на домашен терен одигра нерешено со Лидс 2:2.

Јунајтед се спаси од пораз со два гола постигнати во последната третина од натпреварот. Тренерот Ерик Тен Хаг не е задоволен од начинот на кој неговите избраници влегоа во натпреварот.

– Може да се каже дека освоивме бод затоа што е одлично да се вратиме по 0:2. Од друга страна, неприфатливо е да се започне вака. Треба да бидете подготвени за битка, но ние не бевме. Ова е првото нешто што го кажав за време на паузата. Реков дека мораме да се увериме дека сме подготвени. И во второто полувреме веднаш примивме гол – навистина е разочарувачки. Треба да ја одржувате концентрацијата во текот на целиот натпревар. Во последните 20 минути создадовме многу шанси, но реализацијата не беше толку добра, изјави Тен Хаг.

Манчестер јунајтед се наоѓа на 3. место со 43 бода од 22 натпревара. Лидер на табелата во Премиер лигата е Арсенал со 50 бода од 20 натпревари.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

ГАЗАТ НИЗ ЦРНИТЕ ВРЕЌИ СО ТЕЛА ЗА ДА МОЖАТ ДА ГИ НАЈДАТ БЛИСКИТЕ – кога еден човек го прочитал името кое го барал се скупчил и не се помрднал

Следно

Тимот на Косовските безбедносни сили успеа да извлече двегодишно дете од под урнатините во Хатај

Latest from Blog