Тедрос предупредува на голем недостиг на медицински персонал пред 75-от роденден на СЗО

1 min read

Светската здравствена организација (СЗО) по повод својата 75-годишнина, денеска предупреди на растечкиот јаз во персоналот во глобалниот здравствен систем.

До 2030 година ќе има недостиг од околу 10 милиони професионалци ширум светот, изјави во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Додека светот закрепнува од пандемијата на Ковид-19, ги повикуваме сите земји да ја заштитат и инвестираат во својата работна сила за здравје и грижа. Едноставно кажано, нема здравје без здравствени работници, рече Тедрос.

Од почетокот на пандемијата, секторот доживеа проценета стапка на исцрпеност од 50 проценти меѓу персоналот. Дури и пред ова, многумина мораа да работат за премали плати и во небезбедни услови, нагласи шефот на СЗО.

Покрај тоа, додека жените сочинуваат речиси 70 проценти од здравствените работници, тие сочинуваат помалку од една четвртина од менаџерите и често биле изложени на насилство на работа, рече тој.

СЗО е основана на 7 април 1948 година, кога стапи во сила уставот на СЗО. Оттогаш, очекуваниот животен век драстично се зголеми во светот, нагласи Тедрос, додека смртноста на мајките и доенчињата нагло се намали во последните децении. Постигнати се големи успеси во борбата против маларијата, туберкулозата и ХИВ.

Сепак, има драматично зголемување на дијабетесот и дебелината. Тедрос, исто така, истакна дека речиси две милијарди луѓе имаат финансиска потреба бидејќи треба да ги платат медицинските трошоци од свој џеб.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Макрон и Фон дер Лајен побараа помош од Кина за враќање на мирот во Украина

Следно

Трговците да прибавуваат доволни количества овошје и зеленчук кои имаат замрзнати цени, донесена нова владина одлука

Latest from Blog