Тасев за ТВ 24: Уставни измени со одложено дејство се заштита од нови бугарски услови

March 27, 2024
1 min read

Ние ништо не добивме од членството на НАТО како што добија другите земји. Не добивме инвестиции и не го реформиравме општеството, не ја искоренивме корупцијата. Безбедносно секако дека многу ни значи оти нема кој да ја нападне Македонија. Нам НАТО не ни е толку потребна од безбедносен аспект затоа што сите земји во нашата околина добија огромни инвестиции, вели Никола Тасев во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

Ние го изгубивме името и тоа е голема жртва што ја поднесе Македонија како држава за да го добие членството во НАТО. Нам ни беше ветено и дека ќе биде откочен патот за ЕУ. Гледаме дека не е така. Ние можевме, ама не добивме инвестиции, вели Тасев.

Ние не можеме да зборуваме за борба против корупција кога оваа власт не успеа да го реши партиското вработување на судии и обвинители, реплицира Тасев и додаде де власта на Грувески исто не покажа примери па си замина од власт. – Сега имаме ситуација кога една влада е 7 години и не сторила ништо, а ние да се навраќаме на некоја претходна влада, вели Тасев.

ВМРО-ДПМНЕ има јасна позиција и нудеше јасни решенија како Владата да излезе од ќорсокакот што настата со прифаќањето на францискиот предлог. Уставните измени не се приоритетно прашање до толку за да мора да се реши пред формирањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. За промена на Устав е потребно двотретинско мнозинство, а тоа е потребно и за промена на Уставот да се промени бројот на пратеници. Ние треба да покажеме заедништво оти сите сме за ЕУ, речиси сите политички партии, разликата е како сакаме да влеземе во ЕУ. Не сакаме да влеземе со свиткана киччма туку со крената глава како рамноправни партнери, вели Тасев и додава дека ВМРО-ДПМНЕ е за уставни промени со одложено дејство како гаранција дека Бугарија нема да поставува нови услови.

Тасев вели дека треба да се вратиме чекор назад и да размислиме и да видиме кој е новиот начин и како да се спроведе.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Полицијата го прекина пребарувањето на теренот: „Јасно е дека Данка…“

Следно

Иван Тони главна трансфер цел на Манчестер јунајтед

Latest from Blog

Претставници на Меѓународната организација – Транспортна заедница во посета на Собранието

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе го посетат претставници на Меѓународната организација – Транспортна заедница. Како што информираат од собраниската прес-служба, претставниците на Меѓународната организација – Транспортна заедница ќе остварат средба

Реал и Дортмунд ќе водат битка во четвртфиналето, но браќата Белингем нема да играат еден против друг!

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд синоќа ја оправдаа фаворитската улога и се пласираа меѓу осумте најдобро на Светското клупско првенство каде ќе имаат меѓусебен дуел. Многумина можеби очекуваа и братски дуел на

Трамп: Израел се согласи на „неопходните услови“ за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Газа

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел се согласил на „потребните услови“ за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Појасот Газа, јавува Анадолу. Во објава на неговата платформа
Go toTop