Таравари: ВРЕДИ подготвува нов закон, којшто се надевам идната недела ќе биде во јавна дебата

October 12, 2024
1 min read

Денеска министерот за здравство Арбен Таравари најави дека „ВРЕДИ“ работи на нов закон за правична застапеност, кој ќе биде предмет на јавна дебата следната недела. Тој истакна дека „балансерот“ не функционираше како што е планирано и дека е неопходно да се создаде закон што ќе ги опфати сите маргинализирани категории во општеството, а не само етничките.

-„ВРЕДИ“ подготвува нов закон, кој што се надевам идната недела ќе биде во јавна дебата. Ќе бидеме во координација со партнерите во коалиција. Од сите страни е констатирано дека „балансерот“ не функционираше како што треба, изјави Таравари пред почетокот на настанот „World Changers Balkan Summit“ во Филхармонија.

Таравари дополнително најави прес-конференција за понеделник, на која ќе ги коментира случаите на смртта на 14-месечно бебе и родилка во Куманово, по што очекува да биде познато дали станува збор за лекарска грешка.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ленче Петрова: Денеска сум жива и среќна, но кога ми кажаа дека имам рак на дојка ми се сруши светот

Следно

Тошковски: Отворивме нова канцеларија на управни служби на МВР во Сарај, ги доближуваме услугите поблиску до граѓаните

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop