Таравари се сретна со Ахмети, ЕСП чека одговор – „За АА многу е тешко да оди на избори со ДУИ, но“

December 19, 2023
1 min read

реклама


ДУИ и Алијанса за Албанците (АА) продолжуваат да разговараат за можна соработка за следните парламентарни избори. Средбите ги реализираат самите лидери на партиите. Последната средба се одржа вчера во објектот на Општина Гостивар каде Таравари го пречека Ахмети.

„Напорите се прават за најдобрата опција, за доброто и на државата но и на граѓаните“, вели Али Ахмети.

реклама

Ахмети не кажа дали конечно е постигнат договор за соработка, туку рече дека средбите ќе продолжат.

„Опциите се отворени, беше многу пријателски разговор, повторно ќе се сретнеме. Ќе видиме, ќе разговараме за опциите, визијата, настаните. Во рамките на оценките што ќе ги дадат раководните органи во нашите партии, ќе донесеме одлука како и за која опција ќе се одредиме“, вели Али Ахмети.

реклама

Таравари вели дека имало и други средби, дури не само со ДУИ туку и со опозицијата.

„Ние за коалиција сме разговарале и со Ковачевски и со Ахмети и со албанските опозициски партии, со сите имаме преговори. Нема партија со која не разговараме“, порача Арбен Таравари.

реклама

Според Таравари, за АА е многу тешко да оди на избори заедно со ДУИ, сепак има едно „НО“.

„Реков, за Алијанса е многу тешко да излезе со ДУИ, но повторно ќе ја разгледаме таа можност, секако дека ќе се почитуваат одлуките на партиските органи“, вели Арбен Таравари.

Прашани колку се блиску до соработка со Алијансата за Албанците, од ЕСП велат дека останува отворена понудата за партијата предводена од Таравари да се обедини со опозицијата.

„Имаме добра комуникација со претседателот на АА и тој и неговата партија имаат отворена можност за да се приклучат во Сојузот. Засега немаме официјален одговор за ставот на АА кон оваа понуда и затоа не сакаме да ја прејудицираме нивната одлука“, велат од ЕСП.

А за претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, едно нешто е сигурно, во овие избори ќе има два блока.

Инаку парламентарните избори веќе се закажани за 8 мај 2024.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Групна тепачка во Гази Баба

Следно

Забеганоста на привилегираните елити

Latest from Blog

Меџити: Ќе има 24-часовен мониторинг на воздухот во Трубарево

Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од првиот вицепремиер и министер Изет Меџити, соопшти дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните по пожарот што избувна во

Прв концерт на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан по две илјади години

Овој историски настан е прв јавен концерт што Ватикан го одржал во изминатите 2.000 години. Концертот беше заеднички режиран од Фарел Вилијамс и Андреа Бочели, а настапија Џенифер Хадсон, Карол Џи, ѕвездата

Ѓурѓај: На Конгресот на ФУЕН ќе бараме унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 69. Конгрес на

Меџити: Акредитирани лаборатории го мерат воздухот по пожарот во Трубарево

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на прес-конференција рече дека фирмата во која настана пожар во Трубарево имала важечка дозвола за рециклирање на отпад, и дека се мери
Go toTop