Таравари: Очекувам на наредната владина седница решение за санирање на хируршките сали

1 min read

Повеќе фокус на јавното здравство, разрешување на сите економски директори, измени во Законот за здравствена заштита и спојување на Клиничката болница најави министерот за здравство, Арбен Таравари на денешната изјава по средбата со американската амбасадорка, Анџела Агелер.

Министерот Таравари изјави и дека ќе работат на децентрализација на здравството со цел да се дадат што повеќе здравствени услуги во останатите клинички болници од земјава.

– Ќе дадеме повеќе фокус на јавното здравство. Тринаесет економски директори се веќе разрешени, а ќе продолжиме и во идниот период да ги разрешиме и другите. Во меѓувреме, Нацрт-законот за измени на Законот за здравствена заштита е направен и е испратен во Влада. Се надевам дека на една од наредните седници идната недела ќе помине и како одлука на Влада дека планираме Клиничката болница да се спои во рок од една година, и дека планираме да работиме на регионализација, односно децентрализација на здравството сè со цел да се дадат што повеќе здравствени услуги во клиничките болници во Тетово, Штип, Битола, Охрид и Струга, рече тој.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Слаб настап на Бајден на дуелот со Трамп

Следно

Да видиме што вика Викиликс за името

Latest from Blog