ТАМАРА КОТЕВСКА И СЕНАД АБДУЛИ ПОЧНАА ДА ГИ СНИМААТ ДЕБИТАНТСКИТЕ ИГРАНИ ФИЛМОВИ „ЧОВЕК ПРОТИВ ЈАТО“ И „ДОГОВОР“

July 2, 2025
1 min read

Тамара Котевска, корежисерката на „Медена земја“ што доби историски 2 номинации за Оскар во 2020, за најдобар странски филм и за најдобар документарец, почна да го снима дебитантскиот игран игран филм „„Човек против јато“. Играното деби на Котевска со 325.000 евра го поддржа и македонската Агенција за филм на конкурсот во вториот рок во во 2019, а во 2023 доби поддршка од 265.000 евра од Паневропскиот филмски фонд Еуримаж.

Како што соопшти Агенцијата за филм, „Човек против јато“ е приказна сместена во рурална Македонија, каде изградбата на нов автопат го разурнува мирот на едно мало село и ја соочува традицијата со модернизацијата. Главните улоги ги играат Кирил Андоновски, Верица Недеска, Лола Трендафиловиќ и Горан Богдан, а играат како и актери од Македонија, Хрватска, Германија, Холандија и Бугарија.

Филмот е во продукција на „Видео студио Петковски“, во соработка со копродуценти од Хрватска, Грција, Турција, Србија и Црна Гора, а финансиски е поддржан од и филмските центри на соработничките земји.

Почна снимањето и на „Договор“, режисерското деби на тетовскиот актер Сенад Абдули. (Фото: Агенција за филм)

Агенцијата за филм соопшти дека почна снимањето и на „Договор“, режисерското деби на тетовскиот актер Сенад Абдули. Филмот во продукција на „Арнел продукција“, беше поддржан со 240.000 евра на Конкурсот на Агенцијата за филм за 2022 година во прв рок на одлучување.

„Договор“ е современа драма што го истражува човечкото достоинство и комплексноста на донесување одлуки во социјално предизвикувачки услови, а играат Шеќерије Илази, Елмир Сејфулаи и Лек Фазлија. Директор на фотографија е Филип Јорданов.

На 15 јуни режисерот Марко Ѓоковиќ го почна снимањето на својот дебитантски долгометражен филм со работен наслов „Потстанар“. Продукцијата е на „Сектор филм“, а сценаристи се Ѓоковиќ и Симеон Венциславов од Бугарија. Филмот ќе се снима на повеќе локации низ Скопје и во текот на месецов. Главните улоги ги играат младите актери Ана Јовановска, Илија Волчевски и Хакан Даци, како и Албан Укај од БиХ кој се прослави со улогата на Сокол во филмот „Тишината на Лорна“ на браќата Дарден.

Во 2021, „Потстанар“ беше поддржан со 23.5 милиони денари (околу 380.000 евра) на конкурсот на Агенцијата за филм, а е копродукција со „Мир Медиа Груп“ и „Ливинг Пикчрс“ од Србија, како и со „Парангал филм“ од Црна Гора, со поддршка од Филмскиот центар на Србија и Филмскиот центар на Црна Гора.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВИДЕО: Пожар во Грција, туристите итно се евакуираат

Следно

Доаѓа топол бран – oд утре до средината на следната седмица температури и над 40 степени

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop