Таџикистан: Приведени девет лица во врска со терористичкиот напад во Москва

1 min read

ТАШКЕНТ (АА) – Во Таџикистан се приведени девет лица поврзани со терористичкиот напад на концертната сала Крокус во Москва, главниот град на Русија, јавува Анадолу.

Локалните медиуми објавија, повикувајќи се на полициски извори, дека таџикистанските разузнавачи привеле девет лица кои живеат во градот Вахдат, а во врска со терористичкиот напад во Москва на 22 март.

Тврдат дека приведените лица се поврзани со терористичката организација ДЕАШ.

Полицијата на Таџикистан ги испрашуваше роднините на четворицата таџикистански државјани, кои беа приведени по нападот, заедно со нивните руски колеги.

Во петокот минатата недела, вооружени напаѓачи отворија оган во концертната сала Крокус во градот Красногорск во Московскиот Регион.

Загинаа 144 лица.

Истражниот комитет претходно објави дека приведени се 11 лица, меѓу кои и четворица сторители, во пограничниот регион Брјанск, кои биле на пат за Украина.

Тие се обвинети за тероризам, и им е одредена мерка притвор до 22 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Таткото на 2- годишната Данка која исчезна го помина полиграфот

Следно

„Oбележани сме бидејќи им пружаме секаков вид помош на угнетените“

Latest from Blog