СЗО се откажа од истрагата за потеклото на Ковид

1 min read

Истрагата на СЗО беше конкретно концентрирана на Институтот за вирологија во Вухан, како првоосомничен за потеклото на коронавирусот.

Првичната истрага на СЗО заврши во 2021 и заклучи дека тој се префрлил од животни на луѓе, но подоцна се покажа дека истражителите од СЗО биле присилени да напишат дека е малку веројатно тоа да се случило преку протекување од лабораторија, како би избегнале судир со Кина.

Подоцна и првиот човек на СЗО призна дека избрзале со исклучување на можноста дека вирусот е протечен од лабораторијата во Вухан и побара подетална истрага.

Епидемиологот на СЗО во Женева за журналот Нејчр изјавува дека плановите на директорот на СЗО целосно се измениле заради проблемите со спроведување на истрага во Кина.

„Светската политика навистина го онеспособи напредокот во разбирањето на потеклото на вирусот,“ изјавила докторката.

Истражителите од СЗО побарале од Кина да биде потранспарентна околу нејзините лабораториски податоци, ама Пекинг го одбил предлогот посебно во делот со разгледување на податоците околу лабораториски инциденти.

Една од аномалиите околу последниот коронавирус е што се уште не е со сигурност утврден точниот животински вид од кој болеста е пренесена на човек. За разлика од ова за време на САРС пандемијата во 2002, научниците го откриваат животното во рок од шест месеци.

Лилјаците што во себе носат вирус кој е најблизок до ковид-19 живеат во јужна Кина, отприлика на 1.600 километри од Вухан, каде се појавува првиот човечки случај на болеста. Во исто време се знае дека Институтот од Вухан има собрано над 220 коронавируси поврзани со САРС, од кои барем 100 никогаш не биле јавно обзнанети. Плус има фотографии од вработени во институтот како носат несоодветна заштитна опрема додека работат со лилјаци. Во 2018 истиот овој институт побарал финансирање за работа на коронавируси за зголемување на нивната способност за заразување на човечки клетки.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Здравковски: Правите пазар три коалиции, колеги од Алијанса за 150 000 евра и куќа во Тафталиџе не се губи дигнитетот!

Следно

Туркије: Болничките соби полни со играчки за децата кои ги преживеаја земјотресите

Latest from Blog